Референци :


ТОП ВЕСТИ
BRC 

The British Retail Consortium (BRC) е водечко трговско здружение што ги претставува сите малопродажни компании, од големи ланци до независни. BRC Global Standards ги подржува добавувачите и малопродажните ланци преку обезбедување на водечки програми за глобална безбедност на производ и сертификација на квалитет.
BRC Global Standards се пакет од четири водечки индустриски технички стандарди кои ги специфицираат барањата што мора да се задоволат од страна организација за да се овозможи производство, пакување, складирање и дистрибуција на безбедна храна и производи за потрошувачите.
Примарно развиени како одговор на потребите на членовите на BRC од Обединетото Кралство, Стандардите постигнаа широка употреба во светот со зголемен број на малопродажни ланци и брендирани преработувачи во ЕУ, Северна Америка итн.
Стандардите обезбедуваат начин малопродажните компании да  ги задоволат  сопствените барања ,  барањата на нивните потрошувачи и законодавните инсититуции. Нивните производи потекнуваат од објекти способни постојано да произведат  безбеден производ што е во согласност со законските регулативи и со бараниот квалитет.
Задоволувањето на овие Стандарди  им овозможува на производителите да докажат дека тие се во согласност со индустриските барања. Дополнителна предност е што ќе бидат заведени во листа на сертифицирани добавувачи.

Четирите BRC Global Standards се:

- BRC Global Standards – за безбедност на храна
- BRC Global Standards – за пакување и материјали за пакување
- BRC Global Standards – за производи за потрошувачи
- BRC Global Standards – за складирање и дистрибуција


Процес на сертификација

Стандардите се сопственост на BRC кој е одговорен за содржината во стандардите и за дефинирање на протоколот на програмите за оценка како што е дефинирање на фрекфенцијата на оценки, правила за корегирање на неусогласености, квалификации и ниво на обука на оценувачите.
BRC не ги спроведува оценките туку блиску ја раководи сертификациската шема преку соработка со одобрено надворешно Сертификациско Тело, што мора да биде акредитирано од страна на нивното Акредитациско Тело и да е во согласност со барањата на BRC за компетентност на оценувачот, поднесување извештај од оценката и извршување на оценката.
Детали од Сертификационите тела како и други информации може да се најдат на официјалната web страна на BRC Global Standards:
www.brcglobalstandards.com
 





IQS СЕРТИФИКАТИ


TUV сертификациона куќа


BAS Program


Следете не на социјалните мрежи




CopyRights IQS all rights reserved