Референци :


ТОП ВЕСТИ
IFS 

Добавувачите одсекогаш биле неразделен дел од малопродажбата и индустријата. Порано за нивна ревизија се грижеле осигурителните компании. Сега ситуацијата е сменета бидејќи бројот на купувачи е зголемен, зголемен е и бројот на инциденти поврзани со безбедноста на храната како и рекламации поврзани со инцидентите, а и глобализацијата со самиот зголем прилив на артикли. Затоа во агендата за развој на прехранбените компании приоритетно место зафаќа создавањето на стандарт за контрола на безбедноста во прехранбените компании. На тој начин на интернационално ниво е формиран,  "The Global Food Safety Initiative" создадвајќи генерален основен систем со кои безбедноста ќе се докажува со водење на документи.

Во 2002 со цел да се формира заеднички стандарт за квалитет на храна, германските продавачи на мало од HDE (Hauptverband des Deutschen Einzelhandels) развија заеднички проверен стандарт наречен International Food Standard или IFS. Во 2003 француските продавачи  на мало и воопшто сите продавачи  од FCD (Fédération des entreprises du Commerce et de la Distribution) се придружија на IFS работната група и дале придонес за развој на IFS  верзија 4.

Намерата на IFS била да креира постојан, вреднуван систем за сите компании подржувајќи ги препродавачите на брендирани прехранбени продукти со униформирани формули, униформирани процеси на ревизија и заедничка согласност на ревизиите, што ќе создаде високо ниво на транспарентност низ потрошувачкиот ланец.

Во самата содржината стандардот го дефинира процесот и самата евалуација од ревизорот. Исто така се дефинира и профил на сертификациони тела и ревизори.

Структура на  IFS
 
- Менаџмент на системот за квалитет

- Менаџмент на одговорности

- Менаџмент на ресурси

- Менаџмент на односи

- Релација на продукти

- Системи на мерење, Анализи и Подобрувања

IFS стандартот е развиен во две нивоа плус препорака за високо ниво:

Основно ниво: Содржи критериуми кои се сметаат како минимум барања за интернационалната индустрија за храна

Повисоко нивo: Содржи критериуми кои се сметаат за повисоки стандарди во индустријата за храна

Препораки: Овие критериуми се препорачуваат за сите компании кои сакаат да демонстрираат “најдобра практика“ во нивниот секторот.

Во подглавјето “Менаџмент на системот за квалитет“ барањата се поврзани со HACCP системот, НАССР тимот и самите НАССР анализите се дефинирани. Исто така содржи правила за прирачникот за квалитет и обврската за водење извештаии и документи. Во подглавјето “Менаџмент на одговорности“ се соочува со одговорноста на менаџментот, задолженијата на менаџментот, проверката на менаџментот и фокусот на потрошувачите. Во подглавјето “Ресурси на менаџментот“ се дава внимание на обврските на работникот (хигиена, медицински тестови) и простории за персоналот. Подглавјето “Релација на продукти“ е најопширното подглавје. Содржи теми како на пример спецификација на продукти, околината на фабриката, контрола на штетници, одржување, следливост, GMO и алергени. Последното подглавје “Системи на мерење, Анализи и Подобрувања“ се соочува со интерни проверки, секаков вид на проверки за време на производството, анализа на продукти и корективни акции. 





IQS СЕРТИФИКАТИ


TUV сертификациона куќа


BAS Program


Следете не на социјалните мрежи




CopyRights IQS all rights reserved