Референци :


ТОП ВЕСТИ
Тимот 
 

Експертите во IQS колективно имаат 70+ години професионално искуство во технологијата за производство и безбедност на храна и системите за управување со квалитет, соработувајќи со големи компании, приватни мали и средни претпријатија и донаторски организации. 

  Александра Депиновска е магистер по Total Quality Management и концептот Six Sigma и е глобален Експерт за безбедност на храната со повеќе од деветнаесет години работно искуство во развивање, имплементација и одржување на системите за управување со квалитет и безбедност на храната во земјоделството и прехранбената индустрија. Нејзиното искуство се фокусира на организирање на синџирот на исхрана, особено на квалитетот на храната и од аспект на безбедност и следливост. Таа е овластен аудитор за стандардот International Food Standard (IFS) за категориите на производи: 4 и 6 и делокругот на технологии: B, C, D, Е и F. Истовремено, таа е и внатрешен аудитор за стандардот на британскиот конзорциум за малопродажба (BRC), како и главен аудитор на DNV- GL, Lidl и Metro Cash & Carry. Таа е сертицифиранa од страна на Меѓународниот регистар на овластени ревизори (IRCA) за спроведување ревизија на имплементираните системи за управување со безбедност на храна во исполнувањето на барањата на FSSC 22000, HACCP и ISO 9001. Како официјално регистриран тренер од страна на Британскиот кралски институт за јавно здравје, таа има развиено соодветно прилагодени програми обучувајќи стотици вработени во прехранбената индустрија на сите нивоа и домени, вклучително и на законодавството за безбедност на храната, аспект на безбедност на храната, добрата производна пракса и HACCP. Таа има обемно искуство ефикасно работејќи со локалните власти, УСАИД, IFC Групацијата на Светска банка, како и организации финансирани од ЕУ, вклучително и Европската банка за обнова и развој и Европската агенција за реконструкција. Со својата експертиза во доменот на ЕУ и националното законодавство во врска со барањата за квалитет на храна, микробиологија и безбедност, таа беше член на тимот на експерти за развивање на стратегијата за пристап до Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД). Таа имаше водечка улога во дизајнирањето и успешната имплементација на македонскиот Знак за квалитет за месни и млечни производи што резултираше во производство на прехранбени производи со супериорен квалитет, како и подобрување на конкурентноста на секторите и зголемување на продажбата за повеќе од дваесет и пет проценти. Како сопственик / директор на компанијата Интегрирани Системи за Квалитет, таа го координира спроведувањето на сеопфатни консултантски активности во повеќе од 400 локални и регионални деловни субјекти во поглед на обезбедувањето на квалитет, безбедност на храната, оценување на влијанието врз животната средина, спроведувањето обуки и ревизија и сертифицирање во согласност со барањата на системите за квалитет и безбедност на храната.

   Петар Коцарев е експерт за технологија за производство на храна и имплементирање на системите за безбедност на храната и управување со квалитет. Тој има повеќе од дваесет години искуство во обезбедување на консултантски услуги за компании од секторите земјоделство, преработката на храна и пијалаци во процесите на управување, производство, технологија и безбедност на храната, како што се хигиенско дизајнирање на објекти, прашања поврзани со безбедноста на храната, внатрешни ревизии за безбедност на храната, усогласување со регулативите за безбедност на храната, подготовка за преглед за безбедност на храна подготвеност, следење и означување на храната. Дополнително, тој има големо искуство во изготвување на материјали за обука и спроведување на обуки за управување со квалитет, безбедност на храна, хигиена на храната и производствени практики за сите нивоа на техничкиот персонал прилагодени на потребите на клиентот. Неговото долгогодишно национално и регионално искуство во организирање на обуки, бизнис со бизнис активности, студиски патувања и конференции резултираше со зајакнување на хоризонталните и вертикалните поврзувања меѓу производителите и преработувачите и воспоставување на продуктивен пазарните врски. Поседува експертиза и за развивање на планови за управување со животната средина за прехранбениот сектор и има широко познавање на процедурите за подготовка на апликациите за ИПАРД Програмата, заштита на ознаката на потекло (PDO) и заштитена географска ознака (PGI) за одредени производи. Тој исто така има и техничкo искуство во имплементацијата на проекти финансирани од донатори за обезбедување поддршка на производителите и преработувачите на храна во областа на подобрување на технологијата, квалитетот и безбедност на храната, вклучувајќи го и спроведувањето на програмата Знак за квалитет.

  Владимир Кокарев е искусен професионалец во доменот на обезбедување и контрола на квалитетот и продажба на земјоделско-прехранбени производи. Со своето седумнаесетгодишно меѓународно работно искуство обезбедува консултантски услуги во процесите на имплементирање на стандардите за квалитет, спроведување на иновативни технологии, развој на нови бизниси и воспоставување на пазарна поврзаност, овозможувајќи им на преработувачите и производителите подобрување на квалитетот и безбедноста на нивните производи. Поседува вештини за спроведување на анализи за безбедност на храната и обезбедување на квалитет, анализирање на пазарот, стратешко планирање и набавки во прехранбениот сектор, како и ракување со лесно расипливи производи. Со своето докажано познавање на националните и меѓународните стандарди за безбедност на храната и на актуелните потреби за развој на учесниците во соодветниот сектор, тој е специјализиран за изготвување на технички материјали, како и организирање на семинари и работилници на теми поврзани со подобрување на ракувањето со расипливи производи, складирање и преработка врз основа на принципите на стандардите GlobalGAP, HACCP / ISO / IFS / BRC. Тој има практично искуство во организирање и спроведување на обуки и семинари за проекти финансирани од УСАИД, ФАО, УНДП, како и други учесници од невладиниот, приватниот и јавниот сектор. Тој, исто така, има искуство во дизајнирањето и имплементацијата на програмата Знак за квалитет за Националните здруженија на преработувачи на месо и млечни производи, и производители на овошје и зеленчук, вклучително и развој на стратегии за нивната одржливост.

   Јордан Николов Д.В.М. има долгогодишно искуство во земјоделско-прехранбениот сектор во производство на храна, технологијата за производство  и имплементација на стандардите за безбедност на храна. Во текот на изминатите петнаесет години тој обезбедува консултантски услуги во голем број на компании за производство на храна и примарни земјоделски производители во земјата и во поширокиот Балкански регион. Како дел од тимот на Одделот за контрола на квалитет и спроведувњето на програмата Знак за квалитет, учествуваше во спроведување на инспекците надзори  на фармите и погоните на преработувачите на храна. Како сертифициран внатрешен ревизор и специјалист за НАССР, тој обезбедува консултантски услуги во спроведувањето на GMP, HACCP, QMS системите. Поседува сертификат за IATCA QMS водечки ревизор и јавен обучувач за стандардот GlobalGAP  за овошје и зеленчук. Со своето долгогодишно искуство и учеството  во меѓународни семинари во САД и ЕУ, запознаен  е со сите аспекти на политиката и законодавството на ЕУ за прехранбената индустрија. Беше консулатант и национален експерт за ИПАРД мерките за поддршка на прехранбената индустрија во Македонија. Како клучен  советник во Фармиа, компанија од Србија, на земјоделците и купувачите им помага во подобрувањето на трговијата на домашни животни. Успешно има спроведено повеќе бизнис со бизнис работилници, студиски патувања, итн. Тој е искрен комуникатор, активен слушател и се посветува на приоритетите  на клиентите и проектните цели.

 

 

 

 

 

 





IQS СЕРТИФИКАТИ


TUV сертификациона куќа


BAS Program


Следете не на социјалните мрежи




Site Meter  Посетители 
CopyRights IQS all rights reserved