Референци :


ТОП ВЕСТИ
За НАС 
 

Ние нудиме решенија кои го забрзуваат вашиот раст и развој, нудејќи ви уникатен и професионален пристап, ориентиран кон исполнување на вашите очекувања и цели. Нашите услуги ви овозможуваат поконкурентно работење, преку подобрување на квалитетот и зголемување на продуктивноста, намалување на ризиците, верификација на барањата на купувачите и зголемено учество на пазарите.

Нашата заложба за постојан напредок преку партнерска и професионална соработка ќе овозможат континуиран раст и развој на Вашата компанија, преку намалување на ризиците и грешките а зголемување на ефикасноста на процесите.

Ви ги нудиме следниве услугите:

  1. Стандарди
  2. Сертификација
  3. Обука
  4. Проектирање
  5. Оптимизација на процеси
  6. Пристап до финансии
  7. Законски барања
  8. Независен аудит од втора и трета страна

Нашата постојана заложба е да сме секогаш пред очекувањата на клиентите и општеството со цел да испорачаме само водечки услуги кои се потребни.

Како лидери во обезбедувањето на специјализирани бизнис решенија кои го подобруваат квалитетот, безбедноста и продуктивноста и го намалуваат ризикот им овозможуваме на клиентите да бидат поконкурентни на пазарот на зајакната понуда и конкуренција.

Покрај нашите услуги кои промовираат одржлив развој, нашата заложба е ориентирана кон менаџирање на долгорочни, профитабилни бизниси, притоа земајќи ги во предвид сите позитивни и негативни аспекти на животната средина, социјалните, законските и економските ефекти.

Нашиот пристап се карактеризира со следниве три вредности:

  • Извонредност: Ние ги исполнуваме сите очекувања. Нас нè водат високи етички стандарди, особено највисоко ниво на професионализам. Ние го прилагодуваме нашиот пристап кон потребите на нашите клиенти и секогаш се трудиме не само да ги задоволиме желбите на нашите клиенти, туку и да ги надминеме.
  • Динамичност: Ние имаме разбирање за потребите и деловните предизвици на нашите клиенти. Нашиот фокус и континуирана способност да се прилагодуваме во различни ситуации обезбедуваат успех и доследност на нашите услуги.
  • Иновативност: Нашата посветеност и упорност создаваат додадена вредност за нашите клиенти и придонесуваат во нивниот успех. Користејќи единствени решенија ние можеме да сги спроведеме дури и најхрабрите планови и да им обезбедиме конкурентна предност на нашите клиенти.





IQS СЕРТИФИКАТИ


TUV сертификациона куќа


BAS Program


Следете не на социјалните мрежи




Site Meter  Посетители 
CopyRights IQS all rights reserved