За IQS

 

Интегрирани системи за квалитет (IQS) претставува компанија за консултантски услуги фокусирана на обезбедување целосен опсег на советодавни услуги за бизнисите со храна во сите области поврзани со менаџментот, производство и технологија. Компанијата обединува група од водечки Македонски експерти од различни дисциплини кои го здружија нивното знаење, способност и искуство со цел да ги понудат овие услуги согласно највисоките професионални стандарди.
Почетното портфолио на компанијата вклучува голем број на услуги од доменот на рационализација на производствената технологија, имплементација на менаџмент системите за квалитет и безбедност, интерни проверки и релевантни обуки кои се нудат на клиентите од прехранбениот сектор.

  IQS има веќе воспоставена блиска соработка со неколку компании партнери и индивидуални партнери како во земјава така и од пошироките Балкански простори како и останатите држави од Европа. Тие претставуваат драгоцен извор на знаење и истите ќе бидат искористени за понатамошно зајакнување на искуството на клиентите во горенаведните области.

.