НАССР
Анализа на Опасности и Кртични Контролни Точки (НАССР) е меѓународно прифатен како најефективен систем за управување со безбедноста на храната.
Првите НАССР системи се развиени во САД во раните 60 - ти години како заеднички проект на американската национална вселенска агенција (НАСА), компанијата Pilsbury и воените лаборатории на САД.
Зошто НАССР?
Исполнување на законските барања
Намалување на ризиците поврзани со храна до максимално можно ниво
Зголемена доверба кај потрошувачите
Воспоставување на превентивен систем
Овозможува вработените да ги извршуваат задачите на најефикасен начин
Концентрирање на расположивите ресурси на најосетливите места
Што претставува НАССР?
Алатка за проценка на опасностите
Отворен превентивен систем
Најефикасен систем за контрола на безбедноста
Систем кој се приспособува на промените
Систем кој дозволува постојано подобрување
Делегирање на одговорности
Меѓународно прифатен и препознатлив
НАССР системот е применлив во секој сегмент од бизнисот, вклучувајќи:
Набавка на суровини и репроматеријали
Производство, преработка
Пакување
Складирање
Дистрибуција
Придобивки од НАССР:
Го намалува бројот на инциденти поврзани со безбедноста на храната,
Ги намалува загубите,
Го подобрува системот за управување со безбедна храна,
Влева доверба кај потрошувачите, дека Вашето работење е под контрола,
Овозможува зголемување на бројот на потрошувачи на Вашите производи,
Го намалува ризикот од производство на небезбедна храна
Ги намалува појавите на труење со храна
Ја зголемува довербата
Обезбедува заштита на потрошувачите
Со имплементација на НАССР го докажувате и документирате Вашето “совесно и одговорно работење”
7-те НАССР Принципи, дефинирани од Комисијата на Цодеџ Алиментариус се:
Принцип 1
Спроведување на анализа на опасностите
Изготвување на дијаграм на процесот на производство и идентификација на потенцијалните микробиолошки, хемиски и физички опасности, кои може да се појават во секоја фаза од процесот, вклучувајќи контрола на истите.
Принцип 2
Одредување на Критичните Контролни Точки (ККТ)
Со помош на стеблото на одлука се одредуваат ККТ.
Принцип 3
Одредување на критични граници
Критичните граници представуваат мерлива контролна вредност, која ја одредува прифатливоста.
Принцип 4
Воспоставување на систем за мониторинг на ККТ
Спроведување на контролни мерки при дефинирана фрекфенција, со цел да се потврди дека процесот се одвива во рамките на контролните граници.
Принцип 5
Воспоставување на корективни акции кога ККТ-ки не се под контрола
Акцијата која треба да се превземе при одредени отстапувања е дефинирана како корективна акција.
Принцип 6
Воспоставување на процедури за верификација на НАССР планот
Проверки кои се спроведуваат за да се потврди дека НАССР системот е валиден и ефикасен.
Принцип 7
Воспоставување на потребна документација, вклучувајќи ги сите процедури и записи, кои ги исполнуваат барањата на НАССР принципите и примена на истите
Документирана НАССР студија, која вклучува табели, записи од мониторингот на ККТ и други потребни документи и записи.