BRC

 

Во 1998. година Британскиот Retail конзорциум (BRC), одговарајќи на потребите на индустријата го разви и воведе Техничкиот стандард за храна BRC за да се користи за евалуација на произведувачите и на сопствени брендирани прехранбени продукти од трговијата на мало. Истиот е дизајниран за да се користи како столб да им помогне на трговците на мало и на сопствениците на брендови во одбраната на нивното одговорно, документирано и совесно работење, доколку бидат предмет на обвинување од страна на власта. Според законодавството  за храна на ЕУ, трговците на мало и подесувачите на брендови имаат правна одговорност за своите брендови.

Во краток временски период, Стандардот стана бесценет за останатите организации од прехранбениот сектор. BRC се смета како референтна точка за најдобрите пракси во индустријата за храна. Ова и неговата употреба во Обединетото Кралство го направи да еволуира во глобален стандард кој се користи не само за да се пристапи на добавувачите во трговијата на мало, туку и како рамка според која многу компании ги засноваат своите програми за проценка на набавката и производството на некои брендирани продукти.

Мнозинството на Британските, и многу од Европските и Глобалните трговци на мало и поседувачи на брендови земаат предвид исклучиво бизнис со добавувачи кои се здобиле со сертификати за соодветниот BRC Глобален стандард.

Следејќи го успехот и широката прифатеност на глобалниот стандард за храна, BRC го објави првиот стандард за пакување, по кој следеше стандардот за конзументи на производи во август 2003. година, и конечно глобалниот BRC стандард за складирање. Секој од овие стандарди е редовно прегледуван и секој стандард е целосно ревидиран и обновуван на секои 3 години по долготрајни консултации со широк спектар на засегнати страни.

Каде и кога биле публикувани BRC Глобалните стандарди?

Работата на првиот BRC Стандард започна во 1996. година кога Британските трговци на мало сфатија дека во поглед на прашањето за безбедноста на храна има многу предности во разменувањето на искуства и во развивање на голем заеднички систем. Првото издание на BRC Глобалниот стандард беше објавено во 1998. година.

Неговиот успех водеше кон континуирана соработка помеѓу Британските трговски структури, со охрабрување од Владата на Велика Британија, за развој на пристап кон ред други прашања. Ова водеше кон објавување на ред други BRC Глобални стандарди за;

  • Пакување
  • Состојки за исхрана со зачуван генетски немодифициран идентитет
  • Производи за конзумација
  • Складирање и дистрибуција

 

Кој ги напиша истите?

Секој стандард беше развиен под водство на BRC и неговите членови. Свој придонес дадоа:

  • Преставници на позначајни трговци на мало;
  • Производители;
  • Тела за сертифицирање и
  • Трговски асоцијации.

 

Зошто е неопходно?

Развојот на BRC Глобалните стандарди беше почетно воден од потребата да се исполнат законските барања на директивата на ЕУ за генерална безбедност на производите и Актот на Велика Британија за безбедност на храната, но многу брзо на нив се гледаше како значителна бенефиција за добавувачите на продукти за Британските трговци на мало и последователно, Европските и глобалните трговци на мало. Дополнително, овој спектар на корисници е сега проширен до угостителството.