Тимот

 

Во изминатите десет години IQS тимот разви професионална компетентност и искуство преку менаџирање и имплементирање програми за контрола на квалитет, производство и технологија.
Сите членови на тимот се официјално регистрирани од страна на Британскиот кралски институт за јавно здравство што овозможува спроведување голем број на меѓународно признати програми за обука во овие дејности.
Краток опис на клучните квалификации на членовите на тимот се содржани во следново:


Александра Депиновска е искусен експерт за производство и технологија на храна која го водеше целиот процес на развој, воспоставување и подобрување на Македонската програма за Знак за квалитет (дизајнирана да ја зголеми конкурентноста на домашните индустрии за месо и млеко преку стимулирање на производство на прехранбени производи со висок квалитет). Како резултат на нејзиното знаење и искуство за системите за квалитет и безбедност таа стана обучувач за НАССР и консултант на неколку производители на храна преку имплементација и сертификациски процес за HACCP/BRC и ISO стандардите. Таа исто така е сертифициран ISO оценувач и GLOBALGAP обучувач. Преку нејзиното големо искуство таа во голема мерка ги осозна сите аспекти на барањата на ЕУ како и легислативите поврзани со квалитетот и безбедноста на храната.  


Катерина Костадинова има големо искуство во производството и технологијата на храната. Таа беше клучен член на тимот кој ја дизајнираше и извршуваше програмата Знак за квалитет, одговорна за извршување инспекција на погоните на производителите на храна и асистирање со цел да ги задоволат барањата на програмата и им помагаше да ги постават процедурите за производство на квалитетен производ. Како сертифициран интерен оценувач и HACCP специјалист таа дава консултантски услуги поврзани со HACCP/ BRC стандардот а како експерт за екологија е вклучена во изработката на еколошките дозволи за прехранбената индустрија.  


Петар Коцарев е експерт со долгогодишно искуство во работењето со прехранбената индустрија во Македонија. Како интерен оценувач, HACCP специјалист и обучувач за HACCP, е дел од тимот за имплементирање на стандардите за безбедна храна. Тој исто така беше и член на тимот која ја поставување и спроведуваше програмата Знак за квалитет и беше одговорен за инспекција за погоните на компаниите со цел правилно поставување на процедурите и процесите за производство на квалитетен производ.  


Петар Лазаров има големо искуство во областа на производството на храна. Како надополнување има и значајно искуство поврзано со системите за безбедна храна и Добрата Производна Пракса (ДПП). Како специјалист за НАССР, тој работи во имплементација на стандардот и ДПП.